Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНевидена одмазда на земјоделец од Хрватска за паркираните автомобили на неговата нива

    Невидена одмазда на земјоделец од Хрватска за паркираните автомобили на неговата нива

    petel baner

    Наоѓањето место за паркирање може да биде вистинска болка, што ја отвора вратата за неверојатни ситуации. На земјоделец од Хрватска толку “му пукнал филмот” од ароганцијата на луѓето што се решил на одмазда. Неговиот потег бил толку креативен – што видеото го објавиле светските медиуми.

    Британскиот медиум The Sun неодамна објави видео и приказна за загрепски фармер кој во 2015 година нашол начин да ги спречи бројните посетители на блискиот пазар да не паркираат на неговата земја, пренесува Блиц.

    Неговата нива се наоѓа на самиот раб на популарниот пазар Хрелиќ во Хрватска, а на сите им било најлесно да го остават својот автомобил токму таму кога одат на пазарење. Фармерот со месеци молел, ги предупредувал да не паркираат таму, поставувал табли, се расправал… а потоа „пукнал филмот“.

    Agrobot

    Во моментот кога на теренот имало педесетина автомобили, тој го зел тракторот, го изорал најголемиот дел од земјата и тоа го направил така што никој веќе не можел да се оддалечи од таму.

    Возачите повикале полиција, но залудно, бидејќи земјоделецот не згрешил – си ја изорал земјата. Полицијата дошла, но само за да им помогне на луѓето некако да ги извлечат автомобилите од изораната земја. На крајот, самиот фармер се нафатил да им помогне.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оваа одмазда е толку креативна што ја пренесоа и неколку светски медиуми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img