Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да направите брашно од леблебија

    Како да направите брашно од леблебија

    petel baner

    Брашното од леблебија е многу здрава, хранлива и разноврсна алтернатива со одлични својства кои се многу корисни за нашето здравје и е вистинско богатство кое треба да го вклучиме во исхраната.

    Брашното од леблебија кај нас досега не беше толку застапено, но во последно време станува се попопуларно. Особено затоа што не содржи глутен, богато е со јаглехидрати и протеини, железо, магнезиум и фосфор и витамин Б6, а се користи за приготвување на многу вкусни јадења и десерти.

    Ова брашно можете да го најдете во подобро опремени продавници за здрава храна, но лесно можете да го направите сами дома, што е секогаш поздрава и повкусна опција. Се што ви треба е леблебија, шпорет и силен блендер за мелење.

    Постојат два начина за правење брашно – едниот со сушена леблебија, а другиот со натопена и сушена леблебија.

    Прв метод

    Доколку купувате сушена органска леблебија која не е прскана со пестициди, тогаш овој метод е супер брз начин за правење брашно.

    Едноставно ставете ја саканата количина леблебија во мелница за кафе, или појак блендер и сомелете ја во ситен прав. Брашното се просејува за да се отстранат деловите кои не се ситно сечкани, а потоа повторно сомелете ги тие грутки.

    Чувајте го брашното во тегла, по можност херметички затворена, на суво и темно место до два месеци.

    Втор метод

    Овој метод е подолг, иако времето на практична работа е речиси идентично. Пред да се направи брашно, леблебијата треба да се исчисти и да се натопи во вода.

    Така ќе се отстранат остатоците од штетните пестициди, а потопувањето исто така ја зголемува хранливата вредност и го олеснува варењето. Леблебијата измијте ја, а потоа натопете ја преку ноќ во вода (најмалку 8 часа, а можете и до 24 часа).

    Задолжително покријте ја со доволно вода бидејќи леблебијата ќе набабри 2-3 пати од првобитната големина. Кога се доволно одстоени, извадете ги од водата.

    Agrobot

    Сега треба да ја исушите (дехидрирате) леблебијата. Потребно е да ја ставите на плех во рерна загреана на 50 степени, 8 часа. Таа треба да биде целосно сува пред да ја сомелете, во спротивно ќе добиете каша, а не фин прав.

    Кога леблебијата целосно ќе се исуши, постапката на мелење е иста како кај првиот метод. Мелете ја во електрична мелница за кафе или во силен блендер. Просејте го брашното низ ситно сито за да ги отстраните грутките.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Неизмелените делови повторно сомелете ги и просејте ги додека не добиете фин прав. Откако ќе го добиете финото брашно, префрлете го во стаклена тегла и чувајте го до два месеци.

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img