домаАгро ВестиСловачка ја укина забраната за увоз на жито од Украина

Словачка ја укина забраната за увоз на жито од Украина

Pneumatik baner

Словачка ја укина едностраната забрана за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина, што ја усвои во април.

Министерот за економија на Словачка, Карел Хирман во петокот по одлуката на владината седница го потпиша указот со кој забраната престанува да важи.

Одлуката беше донесена на последната седница на конзервативно-популистичката малцинска влада на премиерот Едуард Хегер.

Семенарна хоризонтален банер

Во понеделник, претседателката Зузана Чапутова има намера да назначи влада составена од јавни службеници кои ќе управуваат со земјата наместо него.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

На владата на Хегер и беше изгласана недоверба во декември минатата година, и оттогаш тој ја извршува функцијата привремен премиер.

Словачка на 17 април воведе привремена забрана за увоз на голем број земјоделски производи од Украина . Со цел да го заштити сопствениот земјоделски сектор.

Списокот на забранети стоки вклучува шеќер, добиточна храна, семиња, хмељ, лен и коноп. Сурово и преработено овошје и зеленчук, вино и други алкохолни производи и мед.

Сепак, транзитот на оваа стока во други земји беше дозволен.

Тигар лого гиф

Другите земји-членки на ЕУ кои граничат со Украина исто така го блокираа увозот на голем број украински земјоделски производи.

Земјоделците се пожалија на огромна украинска конкуренција откако беа укинати увозните давачки.

petel baner

Министерството за земјоделство во Братислава, независно од забраната за увоз, веќе нареди на 14 април да се забрани увозот на 1.500 тони украинско жито. Бидејќи во него се пронајдени пестициди.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img