Како се чистат полжави а и плус рецепт како да ги подговите.
Откако ќе ги собереш, ќе ги ставиш во мрежаста вреќичка од компири и 2,3 дена ќе ги оставиш за да исфрлат се од нив
(во меѓувреме ги прскаш со вода).
После тоа убаво ги миеш и ги вариш, откако ќе ги свариш ги извлекуваш од куќичката и им го отсекуваш стапалото.
Стапалата ги ставаш во цедилка и им ставаш многу сол и почнуваш да ги стискаш за да им излезе лигата, ги миеш и почнуваш со спремање.
Доколку имаш повеќе можеш да ги замрзнеш или пак да ги конзервираш.
Најбитен е начинот на подготовка:
Ги пржиш во тава со зејтин и вински оцет,( оцетот се става за да го убие оној мирис на земја или трева а притоа прави еден убав сос нешто сличен на балсамико.
Штом испари оцетот им додаваш путер и многу малку бело вино, вегета и лук, пржиш 2,3 минути додаваш и црвен пипер и него го пржиш уште 2,3 минути, ги тргаш од оган и им ставаш сецкан магдонос и БОН АПЕТИТ.
Напомена:полжеви се собираат до Ѓурѓовден
Рецептот за припрема и чистење на полжавите во коментар на пост во групата ни ја испрати Vlatko Simonovski
Бидејќи советот е одличен еве го споделуваме со сите.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK