Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиНема вода за 300 хектари оризови полиња во кочанско

    Нема вода за 300 хектари оризови полиња во кочанско

    petel baner

    Годинава во атарот на село Чешиново нивите спремни за сеидба на ориз останаа суви, наместо наполнети со вода.

    Причината за оваа состојба без вода е несолидарноста меѓу земјоделците од неколку кочански села, постојаните врнежи од дожд, но и стариот систем за наводнување.

    Околу 300 оризопроизводители годинава ќе трпат големи загуби, бидејќи сеидбата им доцни еден месец. Тие тврдат дека околу 300 хектари не се посеани со ориз, бидејќи земјоделците од соседните села ги кршат каналетките, за да не пристигне вода во нивните ниви.

    Оризопроизводителите од атарот на Чешиново во рок од еден месец неколку пати ги обработуваат нивите. Трошоците им се големи за нафта, прскање, а доцна посеаниот ориз нема да даде род.

    Agrobot

    Оризопроизводителите одговори за проблемот на лице место побараа и од директорот на Водостопанство „Брегалница“.

    Во текот на кавгата заклучија дека проблемот е стар неколку децении, единствен начин да се реши проблемот за овие вредни земјоделци е изгардба на нов цевковод до нивното поле.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Врнежите од дожд ги полнат вештачките акумулации на истокот, годинава под ориз ќе бидат посеани околу 4.000 хектари. Водата до нивите на овие револтирани земјоделци се очекува да пристигне најдоцна до 5 јуни.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img