Мечка спасена од примка во Брајчино.
Пред два дена, во близина на манастирот „св. Петка“, во подножјето на Пелистер, туристи забележале и пријавиле фатена мечка во стапица.
На профилот на Националниот парк Пелистер беше објавено дека веднаш биле активирани ветеринарни екипи и планински спасувачи, кои им помогнале на мечката.
“Веднаш биле повикани ветеринарите Перо Стојчевски и Александар Алексов од Битола и Ресен, и планинскиот спасувач Петар Нолев. Тие пристигнаа на местото со пушка за успивање и соодветна анестезија и успешно ја успокоија мечката. Ја третираа за раните, ѝ ставија ушна маркица и потоа беше пуштена на слобода во природата”, објавија од Националниот парк.
Ветеринарниот доктор Перо Стојчевски од Ресен има искуство со спасување на мечки и ова беше вториот пат што го изведува таков постапок.
Погледнете го видеото од спасувањето на мечката
Мечка спасена од примка
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK