Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро советиКако недостатокот на калиум влијае на овошните дрвја

    Како недостатокот на калиум влијае на овошните дрвја

    petel baner

    Калиум – игра многу важна улога во развојот и плодноста на овошните видови. Недоволното количество на овој елемент во почвата, во форма што е достапна за растенијата, може да доведе до впечатливи нарушувања. Резултатот е намалена плодност, но исто така и оштетување на самите растенија.

    Ако има недостаток на калиум во почвата, еден од најјасните симптоми е забрзаната фаза на цветање и прелистување.

    Вегетацијата е нормална до јуни, кога симптомите почнуваат да се појавуваат на листовите: синкасто-зелена промена на бојата по должината на рабовите на листовите (кај некои овошни видови може да биде и виолетова). Листовите се збрчкани и свиткани кон лицето, додека рабовите на крајот не се исушат и изгледаат како да се изгорени.

    Дополнително, она што е видливо за овоштарот е дека овошните дрвја се помалку отпорни на мраз и суша. Исто така се поподложни на напади од паразити и штетници.

    Agrobot

    Ако недостасува голема количина на калиум, листовите ќе продолжат да се сушат и ќе почнат да паѓаат од врвовите до основата на гранките. Следно што е видливо се промените во плодовите. Има зголемен пад на плодовите, а оние што останале на дрвото изгледаат незрело.

    Различни видови овошје различно реагираат на недостаток на калиум

    Јаболката се особено чувствителни, додека сливите и крушите се помалку чувствителни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За да се утврди дефицитот на калиум, многу е важно да се анализира почвата на овоштарникот, а со навремена примена на соодветното ѓубриво да се отстранат проблемите со недостатокот на овој макроелемент.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img