Караман изложба на македонско овчарско куче
Во организација на Кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче „Караман“ и во соработка со македонскиот Кинолошки сојуз и Бигорскиот манастир на 28/05/2023 во селото Битуше беше одржана 10-тата државна изложба за македонското овчарско куче караман.
Одлучивме изложбата да се одржи токму во Битуше заради тоа што најубавите карамани кои од работната дивизија мигрираа во урбаната, беа пронајдени тука затоа што сточарството тука сеуште егзистира за разлика од источниот дел на државата што ни се испразни.
Втората, не помалку битна работа, е еден човек а тоа е отец Порфириј Бигорски, кој со благословот на неговиот старец, ја препозна благородната мисија на клубот и се приклучи и ја формира една од најстабилните и несомнено најголема одгледувачница за македонското овчарско куче караман која егзистира во склоп на манастирот.
Караман изложба
За победници беа прогласени.
-Женки
Млад клубски победник Арија од Бигорскиот манастир.
Зрел клубски победник Клара на Иван Цветковски од кумановското село Тромеѓа.
Мажјаци
Млад клубски победник е Бабуш на Валентин Митанов од Прилеп,
Зрел клубски победник е Блеки на Даме Стојановски од Скопје.
Овој значаен настан нема да се случи доколку не ни дадеше целосна поддршка Бигорскиот манастир,како и кинолошкиот сојуз на Македонија, и секако кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче Караман
Караманот е старо нова раса.
Најраните референци на расата се пронајдени уште во неолитот на овие простори, потоа следи средновековието, каде што се оние најконкретните на логотипот.
Кучето што е издвоено на нашето лого всушност е детал од фреската рождество Христово во Курбиново од 1191 година.
Македонското овчарско куче караман сеуште егзистира во етничките граници на Македонија, значи не само во географските.
Повелете една убава галерија од оваа манивестација.
Караман изложба
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK