Пламеница кај винова лоза – Нестабилното дожливо време пропратено со сончеви периоди предизвикуваат појава на голем број растителни болести.
Во овој период на терен особено може да се констатира масовна појава на пламеница кај винова лоза.
Затоа лозарите мора веднаш да пристапат кон редовна хемиска заштита на виновата лоза со употреба на системични фунгициди против пламениците.
Во оваа прилика би сакал да нагласам дека бакарните фунгициди се контактни (делуваат како заштита само на нанесениот растителен дел) па затоа во овој период на брз развој на лисната маса кај виновата лоза, како и честите врнежи од дожд, подобри резултати даваат системичните фунгициди. Интервалот(временскиот период) помеѓу две третирања треба да е околу 7 денови.
Исто така би нагласил, лозарите при хемиската заштита на винова лоза да употребуваат околу 60 литри на декар од растворот за заштита.
Сосема на крај би нагласил дека во земјоделието нема лечење на растенијата од болести, туку само спречување на појава на болести и нивно ширење кај растенијата.
Еве уште еден текст за пламеница или пепелница кој сака нека си прочита
Пламеница кај винова лоза
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK