Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

37.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛековити својства на маслото од кантарион

    Лековити својства на маслото од кантарион

    petel baner

    Маслото од кантарион се добива од истоименото растение кое е повеќегодишна билка. Кантарионот цвета од мај до септември, но најмногу во текот на јули, а неговите цветови се со жолта боја.

    Станува збор за едно од најраспространетите лековити растенија. Популарноста на кантарионот меѓу народот се должи на неговите антибактериски, антивирусни и антигабични својства.

    Маслото од кантарион е богато со хиперицин, танини и флавоноиди кои имаат антивоспалително дејство. Освен тоа, уште од античко време кантарионот се користи како лек за зараснување на раните.

    agrounik
    Маслото од кантарион помага при:
    • рани
    • изгореници од прв степен
    • воспаление на јајниците
    • вагинални инфекции (габични и вирусни инфекции, вклучувајќи ХПВ и херпес)
    • хемороиди
    • проширени вени
    • стрии, лузни и акни
    • чирови
    • воспаление на мускулите

    Маслото од кантарион е ефикасен лек и во случај на ревматизам и ишијас. Важно е да се напомене дека ова масло е одличен лек за разни женски проблеми како што се цисти, воспаление на јајниците и габи.

    Доволно е да користите тампон кој е натопен во масло од кантарион и да ја повторите постапката доколку сè уште чувствувате болка. Освен тоа, можете да најдете и вагиналети со масло од кантарион.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Покрај тоа, во случај на хируршки третман на рак на дојка како и за заздравување на раните по завршувањето на операцијата, лекарите препорачуваат употреба на масло од кантарион.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img