Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЗасадете собен гербер, цвета цело лето

    Засадете собен гербер, цвета цело лето

    petel baner

    Постојат околу 100 видови на гербер, од кои 30 растат како самоникнати во природата.

    Освен во стакленици како режено цвеќе, се одгледува и гербер за во градина и минијатурен гербер (Gerbera jamesonii) кој се одгледува како собно растение.

    Минијатурниот собен гербер цвета со многу големи цветови во однос на неговата височина, а со своите јаки бои ќе ви го разубави домот.

    Цветовите може да бидат жолти, портокалови, бели, розови, црвени… Поставете го на сончево и топло место, но не на директни сончеви зраци за да не се оштети.

    Agrobot

    Во лето обилно залевајте го, но водете сметка земјата да не стане премногу влажна бидејќи коренот може да почне да трули. Отпорен е на високите температури. Во зима залевајте го многу малку, само да не се исуши земјата целосно и чувајте го на температура од 10°С.

    Цвета од мај до септември, а животниот век му е 4 години. Прецветаните цветови редовно кинете ги за да има доволно хранливи материи за нови млади цветови. Листовите повремено оросувајте ги и прихранувајте го на секои две недели, особено додека цвета, па се до зимата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Се размножува со делење на коренот или од семе, а најдобро време за размножување е пролет. Ако го делите коренот, пресадете го растението во земја која треба да содржи малку тресет и песок. Обилно ставете вода и ставете ја саксијата на сончево место. Семето посејте го во саксија со супстрат или квалитетна земја и тоа на температура повисока од 15°С. Очекувајте млади растенија за околу 2 недели.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img