Сезоната на јагоди се уште трае па затоа искористети ги овие неодоливи плодови и направети си вкусен џем.
Постои рецепт за домашен џем од јагоди без шеќер, кој е толку лесен за правење и се приготвува за помалку од половина час.
Состојки:
1 кг јагоди
2 лажици мед
малку сок од лимон или рендана кора од лимон
Подготовка:
Јагодите исечкајте ги на мали парчиња, додадете сок или кора од лимон и варете околу 20 минути. На самиот крај, кога смесата е веќе изедначена и густа, додавате мед. Топлиот џем соберете го стаклени мали тегли. Џемот од јагоди чувајте го во фрижидер, така може да потрае и до еден месец.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK