Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Saturday, July 13, 2024

More
    домаАгро ВестиАплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци

    Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци

    petel baner

    Со новиот модел за субвенционирање земјоделците добиваат побрз и поефикасен модел за субвенционирање, а за 30% се зголемени субвенциите за репродуктивен добиток.

    Во таа насока Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Крајниот рок на аплицирање за оваа подмерка е до 30 јуни 2023 година.

    agrounik

    Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и истите ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда, а ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година.
    Висината на директните плаќања кај оваа подмерка изнесува 1.400 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

    Дополнителна субвенција за оваа подмерка добиваат земјодлеските стопанства кои имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерката 2.3. од Уредбата за поблисските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максимланите износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на дополнителната субвенција изнесува 1.500 денари и истата се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 30 ноември 2023 година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Потсетуваме дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img