Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

14.8 C
Skopje
Monday, May 6, 2024

More
    домаАгро ВестиЗапочна жетвата на јачмен во штипскиот и овчеполскиот регион, цената на половина

    Започна жетвата на јачмен во штипскиот и овчеполскиот регион, цената на половина

    petel baner

    Заочна жетвата на јачмен во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена.

    Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при МЗШВ вели дека цената на јачмен е берзанаска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто.

    -Ланската година на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со откупна цена од 300 евра. Оваа година цените се намалуваат, моментално се движат од 150 до 160 евра на берзите. Откупот во нашата држава се одвива по берзанска цена, вели Спасов.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прашање на МИА дали годинава ќе имаме доволно жито и на колкави површини се посеани, одговори дека сите мерки се насочени токму кон поддршката на домашното производство и како земја да не сме во голема мера увозно зависни.

    Agrobot

    -Токму затоа активно го следиме еве во време жетвата на сите овие состојби на терен и затоа ја промовираме мерката. Која што самите земјоделци, ја предложија на пот секторската група за жито која што неколкупати заседаваше овие денови. И беше веднаш прифатена од моја страна.  Верувам дека Владата ќе ја усвои, со што со оваа мерка 12.000 денари по хектар ќе бидат насочени за сите оние коишто ќе остварат принос, рече Николовски.

    Тој истакна дека  информациите од теренот говорат дека на над 30.000 хектари кај јачменот се очекуваат приноси од три или повеќе тони по хектар.  

    -Јас очекувам околу 45.000 хектари под јачмен.  Приносот секако дека ќе биде над три тона. Тоа значи дека оваа мерка ќе ја искористат над 90 проценти од самите земјоделци. Потсекторската група, овие денови продолжува со работа, да ја следи состојбата, и да предложат мерки коишто се однесуваат на пченицата, вели Николовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Посочи дека Владата го донесе Интервентниот фонд оваа година за поддршка на земјоделството. И потенцираше дека сме единствена земја која што имаме интервентен фонд. Којшто може да се користи во било кој еден момент кога има потреба. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img