Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

31.8 C
Skopje
Saturday, July 20, 2024

More
    домаАгро ВестиПорибена акумулацијата „Стрежево” со крап и пастрмка

    Порибена акумулацијата „Стрежево” со крап и пастрмка

    petel baner

    Водите на акумулацијата Стрежево се порибени со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка.

    Порибувањето на акумулацијата е дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот.

    Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).

    Порибувањето се реализираше со подмладок од крап со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама.

    Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика.

    „Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава. Водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ. „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Македонија“. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава. Бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство. А со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија“ изјави министерот Николовски.

    agrounik
    Министерот искажа задоволство од работата на ЈП Стрежево, кои покажаа дека во досегашниов период ја оправда довербата за управување со водите на акумулацијата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, преку редовно порибување.

    “Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби. А воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби. Како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност“, изјави директорот Граматковски.

    Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов. Како и развојот на аквакултурата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево. Како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img