Исплата на субвенции – Денеска АФПЗРР ја реализираше исплатата за над 1000 полјоделци кои своето производство на пченица, ‘рж, јачмен, овес и сончоглед го предале во домашни преработувачки капацитети.
Истовремено овие корисници оствариле принос над предвидениот просек односно:
4000 кг / ха за пченица
3000 кг / ха за јачмен, овес и ‘рж
1500 кг / ха за сончоглед
Вкупната поддршка изнесува 66.5 милиони денари, а висината на поддршката е 5760 денари / хектар
Со финансиската поддршка од 232.2 милиони денари се опфатени 8.435 корисници.
Исплата на субвенции
Во следниот период ќе биде реализирана и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK