Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

30.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКопaр - растение со чудесна моќ

    Копaр – растение со чудесна моќ

    petel baner

    Копар е растение кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште Старите Римјани сметале дека копaрот има мистериозна и чудесна моќ.

    Старите Грци го гореле за да добијат ароматично масло од копaр. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копaр за да бидат силни и издржливи.

    Свежиот копар има силна, слатка и зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички и таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка).

    Копарот содржи значителни количини на железо, магнезиум и калциум и е многу богат со флавоноиди, моќни антиоксиданси кои имаат антивирусни и антиинфламаторни својства. Речиси сите делови на копарот се лековити, може да се суши или да се користи свеж.

    agrounik

    Масло од копар

    Освен што го збогатува вкусот на многу јадења, маслото од копар го штити организмот од инфекции. Кога се консумира заедно со храна, ова масло може да биде од голема корист за ублажување на симптомите на уринарниот тракт, бубрезите, гениталиите и варењето. Ова масло може да се нанесе и директно на кожата бидејќи помага за заздравување на рани и инфекции на кожата, а некогаш се користело како многу ефикасен лек против вошки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако сте доилка и имате проблеми со производството на млеко, есенцијалното масло од копар може да биде спасоносно, бидејќи може да дејствува како природен лек против нарушување на вниманието кај децата (АДХД) кога се меша со чај од камилица. Дејствува многу смирувачки, како благ седатив и се користи против анксиозност, депресија и изливи на гнев.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img