Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024

More
    домаАгро Вести300 милиони денари субвенции за зелена нафта

    300 милиони денари субвенции за зелена нафта

    petel baner

    Годинава се обезбедени 300 милиони денари за субвенционирање на горивото за обработка на нивите.

    Финансиската поддршка е 50 проценти од трошоците за набавка на дизел, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство. Досега скоро 50.000 земјоделци парите ги добиваа на електронска картичка. Пријавувањето е до 14-ти јули.

    Годинава за така наречената „зелена нафта“ се обезбедени вкупно 300 милиони денари. Субвенцијата е 50 проценти од трошоците за обработка на насадите и посевите на нивата.

    Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска помош. Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите.

    За пченица, јачмен, пченка,’рж, овес, ориз, тритикале, хељда, просо и лековити, ароматични и зачински растенија, поддршката изнесува 1.600 денари по хектар.

    Agrobot

    За хмењ, лен, леќа, кикиритки, соја, сончоглед, маслодајна, шеќерна и добиточна репка, афион и памук, земјоделските производители ќе добиваат по 2.400. А за градинарските и лозовите култури 4.800 денари по хектар.

    Во овоштарството субвенцијата изнесува 6.000, освен за дуња, мушмула, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, бадем и лешник за кои следуваат 4.400. А за ореви и костени по 3.000 денар и по хектар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Парите се добиваат на картичка која може да се користи повеќекратно сè додека средствата не се потрошат. Минимум на еден земјоделец му следуваат по 500 денари, дури и во случај ако вкупната пресметана сума на субвенцијата е помала од овој износ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img