Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ВестиМЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при жетва и наводнување на нивите

    МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при жетва и наводнување на нивите

    petel baner

    АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва да бидат особено внимателни.

    Да се внимава при ракување со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа.

    Од компанијата соопштија дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците. Но и да не поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси.

    -Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите. Бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, апелираат од АД МЕПСО.

    Agrobot

    Исто така, посочуваат земјоделците да не палат стрништа во близина на далековод, бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.

    Дополнително, апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    -Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот и за животот на другите! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем, се вели во соопштението на АД МЕПСО.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img