домаАгро ЗабаваРецепт: Лесен и брз леб од тиквички

Рецепт: Лесен и брз леб од тиквички

Pneumatik baner

Освен што се многу вкусни, тиквичките се здрави и богати со витамините Б и Ц, како и калиум.

Тиквичките може да се подготват на многу начини, но од нив може да се направи и многу вкусен леб, што може да биде одлична замена за обичниот леб.

Ова е рецепт за брза подготовка леб со тиквички.

Семенарна хоризонтален банер
Потребни состојки:

2 поголеми тиквички

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

2 јајца

350 гр. брашно

150 гр. масло

150 гр. фета сирење

1 мала лажичка прашок за пециво

сол и бибер

Начин на подготовка:

Излупете ги и изрендајте ги тиквиците и оставете да отстојат малку, а потоа добро исцедете ги. Ставете ги во сад, а потоа додадете ги останатите состојки. Прво јајцата, а потоа брашното и маслото, фета сирењето и прашокот за пециво.

Тигар лого гиф

На крајот, додадете малку сол и бибер и измешајте добро.

Ставете ја смесата во калап за печење леб, а одозгора наросете сусам или ленено семе. Печете на 180 степени, околу 40 минути, додека не добие убава, златна боја.

petel baner

Оставете го лебот да се олади, а потоа можете да уживате во неговиот вкус.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img