Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро советиКако да му помогнете на добитокот на оваа жештина!

    Како да му помогнете на добитокот на оваа жештина!

    petel baner

    Луѓето тешко се справуваат со моменталната жештина и деновиве спас од сонцето бараат под сенка и под клима уреди.

    И само замислете како им е на животните. Кога живата во термометарот ќе надмине 35 степени, тогаш животните, исто како и луѓето, можат да добијат топлотен удар. За време на црвена временска тревога, пасењето на добитокот може да биде многу штетно. Затоа, еве совети како да ги заштитите животните од топлината. 

    Крави

    Кравите се многу чувствителни животни. Кога температурите надминуваат 30 степени Целзиусови, тие доживуваат голем стрес. Тоа се рефлектира со помал внес на храна и поголемо пиење вода, што може да резултира со пад на производството на млеко. Може да се намали и до 50 проценти во текот на летото. Овие животни исто така тешко ја поднесуваат високата влажност на воздухот, дури и кога температурите на воздухот се пониски. Ова повторно доведува до намалување на производството на млеко. За да ги спречите овие загуби, еве што треба да направите.

    – При изградба на штала, мора да се грижите за природна вентилација. Во овие тропски услови на кравите треба да им се обезбеди големо количество свежа вода. Возрасните крави пијат преку 150 литри вода дневно, доколку температурата на воздухот е над 30 степени. Се разбира, тие треба да се заштитат и од директното влијание на сонцето со изградба на настрешници или садење дрвја. Кога станува збор за храна, нивото на внес на енергија треба да се зголеми за да се намали недостатокот предизвикан од намалената потрошувачка на храна. Животните треба да јадат доцна навечер или рано наутро. 

    Agrobot

    Исто така, треба да се внимава да нема премногу крави во шталата, на мала површина и секој ден додека траат овие температури да се чисти и менува леглото, а потоа да се дезинфицира зградата за да се намали број на муви околу кравата. Внатре во зградата треба да се постави дополнителна вентилација и да се користи систем за ладење со ладна вода.

    Свињи

    Што се однесува до свињите, треба да знаете дека тие се ладат исклучиво со дишење, бидејќи немаат потни жлезди, а знаат и сами да побараат помош. Во случај на високи температури, свињите ќе се обидат сами да се оладат, барајќи поладно место во делови каде што протокот на воздух е поголем. Дополнително, тие ќе се оддалечат од другите поединки, ќе ријат додека не наидат на поладна земја и ќе се валкаат во измет и урина. Доколку температурата надмине 36 степени, маториците треба да се попрскаат со вода и да се смени водата за пиење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кокошки

    Ако температурата надмине 35 степени, кокошките целосно ќе престанат да носат јајца. Ако не се преземе заштита при екстремна топлина, тие ќе почнат да покажуваат знаци на топлотен удар, како што се шетање со отворен клун, лежење на земја со раширени крилја и земање многу мали количини храна. Ќе им олесните на кокошките ако им ја изладите водата. Најдобро е да имате плитки садови за време на топлотните бранови бидејќи полесно се ладат. Задолжително држете ја водата во сенка. Во текот на попладневните часови ставете коцки мраз во контејнерите, за водата да остане ладна што подолго. Кокошарникот може да се загрее толку многу што кокошките едноставно не можат да останат во него, а за да се излади, треба да создадете вентилација, ако веќе ја немате.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img