Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Tuesday, September 26, 2023

More
    домаАгро советиКое е најдоброто време за наводнување на растенијата во лето

    Кое е најдоброто време за наводнување на растенијата во лето

    Petel.mk

    Растенијата бараат посебна нега и грижа во текот на летните денови за кои се карактеристични и високите температури.

    Меѓу градинарите постои мислење дека во текот на летото, растенијата треба да се наводнуваат пообилно и поретко, не премалку и премногу често.

    Без разлика дали вашите растенија се едногодишни или повеќегодишни, обидете се да ги полевате наутро за време на високите температури.

    Утринското наводнување им дава на корените способност подобро да ја апсорбираат водата и им нуди на вашите растенија доволно влага за да го поминат денот без дополнителен стрес.

    Ако немате време наутро, сосема е прифатливо да ги наводнувате растенијата навечер. Тогаш само грижете се за наводнување директно во зоната на коренот, а не во лисјата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога станува збор за повеќегодишните растенија, тие имаат подлабок корен систем кој им овозможува да преживеат периоди на суша од една до друга сезона.

    Исто така, растенијата ја апсорбираат водата преку корените, а не преку листовите, така што не мора да трошите вода на лисја кои изгледаат суви.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img