Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

31.8 C
Skopje
Saturday, July 20, 2024

More
    домаАгро ВестиВрнежите од јуни и јули ќе имаат негативен одраз во градинарството

    Врнежите од јуни и јули ќе имаат негативен одраз во градинарството

    petel baner

    Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот и да го намалат родот во градинарството.

    Екстра квалитет, добар пласман и солидни цени, вака помина првиот годинашен турнус во градинарството, велат производителите.

    Но, вториот, што се очекува во август, се уште е неизвесен, пред се од аспект на приносот. Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот и да го намалат родот.

    Покрај нестабилното време, земјоделците како многу посериозен и долгорочен го посочуваат проблемот со се помалиот број површини под градинарски култури. Како што истакнуваат, површините се преполовени, производството главно се сведува на зелка и индустриски пипер, а значително, речиси двојно, е намален и бројот на производители.

    -Задоволен сум од пласманот на првиот производен циклус, пиперот беше 60 – 70 денари, доматот во сезона одеше по 60 – 65 денари, додека розовиот домат ќе биде околу 50 денари. Во август се очекува вториот турнус, а какви ќе бидат цените ќе покаже времето. Стравувавме дека ако продолжат интензивните, поројни врнежи, ќе биде лошо. Тоа секако ќе се одрази врз квалитетот, посебно кај оние површини кои навреме не беа заштитени. Сепак, останува да видиме, вели Ристо Велков, земјоделец и претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.

    Тој укажува дека поголем проблем од овој со временските услови е тоа што веќе, како што оценува, нема кој да работи.

    -Нема веќе кој да работи, тоа е проблемот. Малку се сади. Површините се сигурно намалени за 40 проценти, а можеби и за 50 отсто. Интерес нема, посебно не за домат и краставица, зашто овие две култури бараат повеќе работа. Претежно се сади зелка и индустриски пипер, истакнува Велков.

    Според производителот и претседател на Потсекторската група градинарство Драги Памуков, во моментов речиси нема зеленчук во земјава. При крај се количините од првиот турнус домати, пипер, краставици.

    -Засега, конкретно годинава, најголем проблем беа поројните врнежи и невремето кое го зафати струмичкиот регион, но долгорочно, проблем е тоа што има се помал интерес кај земјоделците за градинарство. Повеќето од нив се иселуваат, работата е тешка, но не и доволно исплатлива. Ако пред три години во струмичката Подрачна единица на Министерството за земјоделство имаше 8 500 апликанти за поддршка, сега има околу 4 500. Бројот е преполовен. Земјоделците генерално си одат во странство, нагласува Памуков.

    Временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата.

    agrounik
    Негова оценка е дека првиот годинашен производен циклус имаше турбулентни ситуации, „кога долу, кога горе“.

    -Замрзнатите цени и целата таа наметната ситуација, доведоа до тоа да ги продаваме градинарските производи под производна цена. Ако производната цена, на пример, на доматот беше 80 денари, ние го дававме за 60. Слично е и со краставицата која беше во помал обем. На пиперот, пак, производната цена му е 40 денари, а сега се продава по 30 – 35 денари. Врнежите што зафатија одредени делови од државата повторно морам да ги спомнам зашто, секако, негативно ќе се одразат врз производството. Не само што ќе се намали квалитетот, туку можно е да се редуцираат и количините. На 5 јули имаше цунами во Струмичкиот регион, а земјоделците го извлекоа подебелиот крај. Кај пиперот може да дојде до сушење, но ајде да почекаме, па ќе видиме, објаснува Памуков.

    Негова оценка е дека увозот не може да се запре, само може да се контролира.

    -Тоа е посебно изразено сега, со Отворен Балкан, кога границите практично се отворија. Годинава имаше повторно увоз на краставици од Албанија, но траеше кратко и не го наруши пазарот, вели Памуков.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Пласманот на зеленчукот најмногу во Србија, БиХ и Хрватска, но се извезува и во Романија, Албанија, Грција, Турција, Полска…

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img