домаАгро ВестиИталија најголем светски производител на вино

Италија најголем светски производител на вино

Pneumatik baner

Најголем светски производител на вино е Италија со произведени 49,8 милиони хектолитри вино…

Македонија се наоѓа на 22-то место од вкупно 53 рангирани земји во светот според производството на вино за 2022 година, според податоците на Меѓународната организација за вино.

Минатата година во земјава се произведени 936 хектолитри вино или 0,36 проценти од вкупното светско производство.

Семенарна хоризонтален банер

Три европски земји произведуваат половина од вкупното производство на вино во светот. Според податоците на Меѓународната организација за вино, лани биле произведени вкупно 258,2 милиони хектолитри вино.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Најголем светски производител беше Италија со 49,8 милиони хектолитри вино, што е доволно да се наполнат 1.994 олимписки базени со овој благороден пијалок. Италија произвела 19,3 отсто од вкупната количина на вино во светот.

Тигар лого гиф

Зад Италијанците беше уште една европска и делумно медитеранска земја, Франција, со 45,6 милиони хектолитри. Тоа е 17,65 отсто од вкупното светско производство.

На трето место се Шпанците со 35,7 милиони хектолитри или 13,82 отсто од светското производство. Овие три европски земји направија повеќе од половина од виното произведено минатата година во светот.

petel baner

Од четврто до осмо место се земјите надвор од Европа, со значително помало производство на вино од првите три. САД се четврти со 22,3 милиони хектолитри, Австралија и Чиле произвеле 12,7 и 12,4 милиони хектолитри, соодветно. Потоа Агентина 11,45 милиони и Јужна Африка со 10,1 милиони хектолитри вино.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img