Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени субвенции за расадена и продадена зимска зелка

    Исплатени субвенции за расадена и продадена зимска зелка

    petel baner

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплатата по основ на финансиска поддршка за трошоци за расадена или продадена зимска зелка.

    Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено. Или имаат расадено зимска зелка на отворено и продадено зимска зелка до 15 април 2023 година од најмалку 5000 килограми на хектар.

    Agrobot

    Висината на финансиската поддршка изнесува 61.000 денари по хектар за расадена зимска зелка.

    „Оваа мерка беше цел на дискусии помеѓу институциите од секторот земјоделство и производителите. Се утврди дека за поддршка на производителите на зимска зелка државата ќе одвои буџет до 30 милиони денари. По донесување на мерката, спроведена беше контрола на прибирање на барањата за финансиска поддршка и нивна административна обработка. По што беа доставени налозите за исплата на корисниците до министерството за финансии кое ги трансферираше средствата до сметките на земјоделците” – информира директорот Бачовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со оваа мерка се опфатени 476 производители на зимска зелка од Валандово, Гевгелија и Струмица. А поддршката е во вредност од близу 22 милиони денари.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img