Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

32.8 C
Skopje
Saturday, June 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНамирници кои не треба да се јадат на празен стомак

    Намирници кои не треба да се јадат на празен стомак

    petel baner

    Според нутриционистите наутро треба да консумираме храна која содржи големи количини на протеини, витамини и минерали за да бидеме подготвени за денот што ни претстои.

    Сепак, постојат одредени намирници кои никогаш не треба да ги јадеме наутро, поточно на празен стомак.

    Агруми

    Цитрусното овошје особено треба да се избегнува наутро, предупредуваат диететичарите. Има кисел вкус бидејќи содржи големи количини на лимонска киселина. Поради ова, конзумирањето на агруми го зголемува производството на киселина во желудникот, а доколку се консумираат на празен стомак може да доведат до непријатни киселини и други проблеми.

    Кафе

    Кафето го стимулира производството на таканаречената хлороводородна или желудечна киселина кога се консумира на празен стомак. Киселини, гастритис и надуеност се резултат токму од овој ефект, па затоа диететичарите советуваат никогаш да не консумираме кофеин веднаш наутро.

    Месни производи

    Прекумерното консумирање месни производи, особено црвеното месо, е поврзано со високо ниво на холестерол и негативно влијание врз здравјето на срцето, тврдат диететичарите. Месните производи се најчесто ладни производи, кои многу луѓе ги јадат наутро со леб или намази.

    Зачинета храна

    agrounik

    Зачинетата храна е уште еден вид на храна што треба да се избегнува прво наутро. Како што објаснуваат диететичарите, оваа храна може да предизвика силни болки кога се консумира на празен стомак, да ја оштети слузницата на желудникот, а може да дојде и до лошо варење.

    Бел леб

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како што сугерира неговото име, белиот леб се прави од рафинирано бело брашно, кое брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, неговото консумирање на празен стомак е поврзано и со зголемени воспалителни процеси во организмот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img