Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

19.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More
    домаАгро ВестиИнвазивни огнени мравки за првпат се населиле во Европа - опасни за...

    Инвазивни огнени мравки за првпат се населиле во Европа – опасни за луѓето, животните и посевите

    petel baner

    Огнени мравки – Многу брзо се шират и се агресивни. Убодите се болни и можат да предизвикаат алергиска реакција, предизвикувајќи оштетување на посевите, младите животни и целиот екосистем.

    Ни недостасуваа само уште црвените мравки Solenopsis invicta  кои се појавија на територијата на Европа, пренесува CNN.

    Нова закана

    Тоа е најинвазивниот вид кој потекнува од Јужна Америка. Го колонизирале Мексико, поголемиот дел од САД, Карибите, Кина и Австралија. Ова е прв случај да се пронајдени колонии на мравки на италијанскиот остров Сицилија. Нивното присуство и претходно беше откриено на увезени производи во Шпанија, Финска и Холандија, но постоењето на колонии никогаш не беше потврдено.

    Истражувачите веруваат дека овој пат пристигнале благодарение на транспортот преку локалното трговско пристаниште во Сиракуза. Летечките кралици биле разнесени преку ветрот.

    Станува збор за многу агресивни мравки кои напаѓаат кога се вознемирени, што го потврдува и локалното население. Велат дека бројот на нивните убоди е зголемен од 2019 година. 

    Идентификувани се 88 колонии на површина од 5 хектари во близина на Сиракуза.

    „Проблемот е што може да се шири многу брзо и е еден од најлошите инвазивни видови “, вели водечкиот автор на студијата Матија Менчети, истражувач на Институтот за еволутивна биологија во Шпанија. Тој додаде дека откривањето на овој вид во Италија било големо изненадување, но дека било само прашање на време кога тоа ќе се случи.

    Закана за пченката, сојата, младите животни 

    Нивниот убод е многу болен и може да предизвика алергиски реакции. Покрај тоа, видот е закана за земјоделските култури и локалните екосистеми. 

    Тие се хранат со пупки и плодови на многу култури, особено пченка, соја, цитрус и бамја и можат да напаѓаат млади дрвја, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за земјоделство.  

    Големите гнезда лоцирани во полињата ја попречуваат работата и можат да ја оштетат машинеријата при обработката и бербата. Кога се вознемирени, реагираат брзо и агресивно, па претставуваат сериозна опасност за работниците на терен. Една мравка може да ја убоде својата цел неколку пати. 

    agrounik

    Исто така, младите животни се изложени на ризик и се многу чувствителни на отровот на убодот. Овие штетници можат да ги истиснат домашните видови мравки и да ги намалат изворите на храна за дивиот свет, што покажува колку тие имаат влијание врз животната средина. 

    Тие предизвикуваат милионски штети

    Генетската анализа на мравките на Сицилија откри дека тие најверојатно потекнуваат од САД или Кина, каде што е исто така инвазивен вид. Тие наскоро би можеле да се прошират низ цела Европа, бидејќи седум проценти од континентот има клима погодна за овој вид. Тие вклучуваат големи урбани области како што се Барселона, Рим, Лондон и Париз.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Секоја година, инвазивните видови го чинат светот 423 милиони долари штета што ја предизвикуваат. Тие се одговорни за истребување на растителниот и животинскиот свет, го загрозуваат производството на храна и придонесуваат за еколошки катастрофи ширум светот, според неодамна објавениот извештај на Обединетите нации.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img