Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Sunday, April 28, 2024

More
    домаситеСо следните трикови ќе направите вкусна салата од зелка - Сите ја...

    Со следните трикови ќе направите вкусна салата од зелка – Сите ја правиме истата грешка при подготовката

    petel baner

    Според некое непишано правило, салата од зелка е секогаш повкусна, послатка и помека во ресторан отколку дома, нели? Затоа ви откриваме како ја подготвуваат познатите готвачи.

    Всушност, тајната на добрата салата лежи во тоа што сечканата (или изренданата) зелка останува подолго отколку кога набрзина ја подготвуваме дома. Ова му дава време на зеленчукот, кој има изобилство на витамини, да испушти вода и да омекне под дејство на сол и оцет, па резултатот е супер вкусна салата.

    Во следните неколку минути ќе направите салата од зелка исто како што сте ја нарачале од ресторан!

    Потребни состојки:

    • зелка
    • сол
    • шеќер
    • Јаболков оцет
    • маслиново масло
    • бибер

    Како да се подготви салата од зелка?

    Исечкајте ја зелката што потенко (или изрендајте ја), па посолете малку и изгмечете ја со рака.

    Додадете шеќер на врвот на ножот, а потоа измешајте со вилушка и лажица и по можност оставете ја салатата да отстои најмалку десет минути.

    Потоа прелијте со малку јаболков оцет и маслиново масло, убаво измешајте и зачинете со бибер. По желба додадете малку магдонос – за декорација.

    ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА

    Младата, зелена зелка треба помалку да се пасира и да отстои пократко, додека белата есенска зелка повеќе се пасира и се остава подолго да отстои.

    Оваа храна е неисцрпен извор на минерали и витамини, а ги има уште повеќе, верувале или не во киселата зелка.

    Agrobot

    Поради изобилството на витамин Ц што го поседува зелката, може да стои рамо до рамо со лимонот и портокалот. Во 100 грама зелка има 50 мг витамин Ц. Покрај тоа, во зелката има значителни количини на витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6 и Е. Има и витамин П (биофлавоноиди), како и витамин У (метилметионин сулфониум), кој вообичаено се користи во лекувањето на гастритис, чир на желудникот и дуоденумот.

    Не треба да заборавиме дека зелката е богата и со минерали како што се калиум, калциум, фосфор, железо и магнезиум. Во свежите листови на овој зеленчук има големи количини на хлорофил, кој го поттикнува зголемувањето на хемоглобинот во крвта. Токму затоа се препорачува како редовна храна за сите кои страдаат од анемија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Зелката содржи и два вида супстанци кои ја инхибираат прекумерната активност на тироидната жлезда и делуваат против Базедововата болест.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img