Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро советиВажноста на амбиенталните услови во козарникот

    Важноста на амбиенталните услови во козарникот

    petel baner

    Големо влијание на продуктивноста, односно на здравјето на козите имаат и амбиенталните услови во козарникот, од кои најважни се: температурата, влажноста на воздухот, потоа вентилацијата и осветлувањето.

    При изградбата на објектот, а и поради топлите летни денови и суровите зими, најважна е изолацијата. Особено покривната, за да не ви е шупата премногу жешка во лето, а студена во зима. Температурата во козарникот не смее да биде повисока од 15 степени во однос на надворешната температура. Во зима не смее да биде под седум степени. Се разбира, во лето, треба да избегнувате температурите во плевните да надминат 27 степени.

    Во козарникот потребно е да се обезбеди снабдување на доволно количество чист и свеж воздух, без прекумерна влажност и со соодветна температура, што се постигнува со соодветно дизајниран систем за вентилација. Сепак, најголемиот непријател на козите е провевот и тоа мора да се избегнува.

    Задоволителна вентилација се постигнува доколку вкупниот волумен на воздух во зградата се обновува меѓу шест и 20 пати на час . Потребни се 3-10 минути за целосна размена на воздух. Протокот на воздух мора да биде 30 кубни метри на час по глава во зима и 120-150 кубни метри на час во лето. Затоа е важно објектот во кој престојуваат козите да има одредена кубикажа. Од подот до плафонот да биде височината најмалку три метри. Брзината на протокот на воздухот не смее да надмине 0,5 m/s во висина на грлото.

    Agrobot

    Друг важен непријател на козите е прекумерната влажност на воздухот

    Влажноста на воздухот во козарникот треба да биде од 60 до 70% при идеални услови, но не смее да надмине 85%, а влажноста можете да ја измерите со хигрометар. Важно е да се знае дека многу фактори влијаат на влажноста во зградата. Секако, најголем процент е урината, но дали знаевте дека секоја коза издишува до 1,5 литри течност, па ако имате голем број кози на мал простор, тогаш влажноста на воздухот во бараката за кози ќе биде преголема.

    И конечно, осветлувањето. Многу е важно и кога се зборува за амбиентални услови. Не смеат да се занемарат прозорците и протокот на природна светлина, а кога зборуваме за вештачка светлина, таа мора да биде околу два вати на метар квадратен.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Обезбедете им на вашите кози квалитетни амбиентални услови, за да ви се оддолжат со својата продуктивност.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img