Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Sunday, April 28, 2024

More
    домаАгро ВестиОгромни загуби во земјоделските култури и сточарското производство во последните 30 години

    Огромни загуби во земјоделските култури и сточарското производство во последните 30 години

    petel baner

    Низа катастрофални настани кои се случуваа во текот на изминатите 30 години доведоа до загуба од 3.800 милијарди долари во земјоделските култури и сточарското производство во светот.

    Природните катастрофи и катастрофите предизвикани од човекот, помеѓу 1991 и 2021 година, предизвикале околу 123 милијарди долари загуби во производство на храна на годишно ниво. Што е еквивалент на 5 проценти од вкупното производство, или доволно за да се нахранат до половина милијарда луѓе годишно.

    Овие наоди на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), се сумирани од француската новинска агенција „АПФ“ и тоа е прв обид на ФАО да состави оценка од ваков вид.

    Просечните годишни загуби на жито достигнале 69 милиони тони, што е еднакво на годишното производство на Франција. Додека загубите на овошје и зеленчук се околу 40 милинони тони. А на месо, риба и јајца загубата е 16 милиони тони.

    Најтешко погоден регион е азискиот, кој претрпил 45 отсто од сите земјоделски загуби. И четири отсто од земјоделското производство поради катастрофи.

    Agrobot

    Во исто време, ФАО откри дека бројот на несреќи се зголемува, од 100 годишно во седумдесеттите на приближно 400 годишно во последните 20 години.

    „Земјоделството ширум светот е сѐ повеќе изложено на нарушување од голем број опасности и закани. Како што се поплави, недостиг на вода, суша, опаѓање на земјоделските приноси и рибарските ресурси. Губење на биолошката разновидност и деградација на животната средина“, се вели во извештајот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Климатските промени, пандемиите и вооружените конфликти се дефинирани од ФАО како фактори на системски ризик од катастрофи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img