Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Friday, November 8, 2024

More
    домаситеИПАРД 3

    ИПАРД 3

    petel baner

    ИПАРД 3 – Инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила и изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја се само дел од инвестициите кој како можности ги нуди ИПАРД 3 програмата за развој на македонското земјоделство.


    Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата.

    Otkup na kompiri

    Токму затоа апелирамe на поголема ангажираност и вклученост од страна на општините, преку навремено издавање на градежни дозволи и подготовка на урбанистичките документи кои им се потребни на апликантите за користење на поддршка од ИПАРД програмата.


    Дополнително важна улога имаат и добавувачите на земјоделска механизација, кои имаат обврска да доставуваат реални и фер понуди на земјоделците кои сакаат да набават механизација преку ИПАРД програмата.


    Првите 30 милиони евра, преку распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7, се веќе ставени на располагање за инвестиции во македонскиот агросектор.


    Кај овој јавен повик расположливите средства се наменети за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за постбербени активности, објекти и опрема за прерабтки, опрема за собирање, калибрирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Инвестиции за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила.

    Поддршката од оваа мерка дава можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции во подобрувањето на услугите за руралното население и инвестиции во руралниот туризам.

    Во насока на силна поддршка за јакнење на руралниот туризам кој има извонредно голем потенцијал и природни убавини, со овој јавен повик опфатени се инвестиции за изградба на сместувачки капацитети (хотели, кампови, бунгалови, апартмани, соби) угостителски објекти, ресторани, простории за дегустации, за директна продажба и маркетинг, за организирање семинари во рурални места. Или накратко, овој јавен повик поддржува инвестиции за сè она што значи агросектор и рурален развој“

    agrounik


    ИПАРД програмата ја искористија многу луѓе но многу луѓе и се жалат на комплицираниот процес за аплицирање и за веќе докажаната огромна корупција во Македонија.


    За жал се намножија и разно разни советници и олеснувачи кои што демек им помагаат на земјоделците да аплицираат со прибирање на документација и со изготвување бизнис планови … а се поврзани со институциите кои што ги одобруваат ИПАРД програмите и земаат огромен процент од износите.
    Апелираме Земјоделците најдобро да се информираат во подрачните единици на МЗШВ.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk


    Да се надеваме дека средствата од ИПАРД 3 програмата ќе легнат на сметките на вистинските Земјоделци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img