Според германскиот министер за земјоделство, Џем Оздемир, во Германија треба да се укине рокот на траење на одредени намирници.
Укинувањето на рокот на употреба е со цел да се намали количината на храна што се фрла.
Според одредени анализи, написот „Најдобро да се употреби до“ ги збунува најголемиот дел од луѓето. Поради тоа се фрла многу храна која се уште може да се јаде.
Џем Оздемир, германскиот министер за храна и земјоделство, сега сака да го укине рокот, но само за одредени видови храна, пишува магазинот „Феникс“.
Чајот, оризот и медот имаат многу долг рок на траење. Според оценката на Оздемир, овие намирници повеќе не треба да имаат рок на траење.
„Тоа треба да помогне да се намали фрлањето храна“, изјави политичарот на Зелените пред средбата со своите колеги од ЕУ во Луксембург.
„Потребна ни е обврзувачка листа со исклучоци за одредени производи кои се чуваат на полиците“, додава Оздемир.
Според него, „сосема бесмислено“ е долготрајната храна како чајот, оризот или медот да имаат рок на траење.
Оздемир смета дека е одговорност на Комисијата на ЕУ да предложи обврзувачки регулативи за Европската унија.
Според податоците на Комисијата, во ЕУ секоја година се создаваат речиси 59 милиони тони отпад од храна, што е околу 130 килограми по жител.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK