Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт за домашен пченкарен леб

    Рецепт за домашен пченкарен леб

    petel baner

    Подгответе домашен пченкарен леб ќе биде мек како душа и ќе остане свеж неколку дена.

    Домашниот леб е секогаш подобра опција од лебот купен од продавница затоа што точно знаете што е ставено во него, а овој од пченкарно брашно е особено здрав. Однадвор крцкав, а внатре мек, толку лесно се прави што ќе успеат и оние кои немаат големо искуство во месење.

    И дури кога мирисот на свежо печен леб ќе се прошири низ куќата, сите веднаш ќе се соберат околу масата. Вака подготвен, останува свеж неколку дена.

    Agrobot

    Состојки:

    • 300 гр пченкарно брашно
    • 500 гр бело брашно
    • 2 кесички сув квасец
    • 400 мл топла вода
    • 10 гр сол
    • прстофат шеќер

    Начин на подготовка:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Прелијте го со зовриена вода пченкарното брашно и добро измешајте. Оставете го покриено додека не се излади, а потоа додадете ги останатите состојки и замесете тесто. Покријте и оставете го да се удвои во големина. После тоа, повторно замесете го, обликувајте го во лепче или колач, па ставете го во длабок калап за печење. Одозгора се сече малку со остар нож, па се става во рерна загреана на 200 степени и се пече околу 40 минути. Кога е готов, извадете го од садот и оставете го на решетка да се излади за да не изгори.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img