Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

More
    домаситеЗошто почесто треба да се јадат овесни снегулки?

    Зошто почесто треба да се јадат овесни снегулки?

    Agrobot

    Овесните снегулки содржат бројни хранливи состојки кои не се наоѓаат во останатите намирници.

    Овесните снегулки се природни и речиси непреработени, а се состојат од овес, целозрнеста житарка.

    Овесот е богат со растителни влакна, кои го забавуваат варењето на јаглехидратите, со што се намалува и нивото на шеќер во крвта, што на крај предизвикува чувство на ситост после овесниот оброк.

    Освен влакната, овесните снегулки се исто така и одличен извор на сложени јаглехидрати. А најдобро од се е тоа што во 100 g овесни снегулки се содржат само 347 kcal.

    Во овесните снегулки, исто така, се содржат и протеини и бета-глукан. Како и висококвалитетни влакна кои се растворливи во вода и го намалуваат холестеролот и ја блокираат апсорпцијата на масти во цревата.

    Кога станува збор за холестеролот, овесните снегулки токму поради својата влакнеста структура дејствуваат како сунѓер кој го впива холестеролот и го отстранува од организмот. За сите оние кои сакаат да го елиминираат вишокот на масни ткива, исхраната со овесни снегулки е вистинскиот избор.

    Освен богатите хранливи вредности, овесните снегулки се извор на здравјето.

    Тие делуваат како пробиотик кој помага во одржувањето на рамнотежата на цревните микроби. Ја подобруваат столицата, го засилуваат имунитетот и спречуваат воспаленија. Исто така се извор на влакна клучни за секој дел од здравата исхрана.

    Влакната го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, даваат чувство на ситост и го намалуваат нивото на холестерол.

    petel baner

    Овесните снегулки содржат два вида влакна: растворливи и нерастворливи. Двата вида се подеднакво важни за здравјето.

    Растворливите влакна се потопуваат во вода и ја контролираат глукозата. Нерастворливите влакна помагаат храната што ја јадете без проблеми да се движи низ телото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овесот сам по себе е доволно здрава храна, но уште една предност е што може лесно да го комбинирате со други здрави намирници. Како овошје, јатксти плодови, семиња или малку протеини и здрави масти како путер од ореви, јогурт или јајца.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img