Соларни електрани на обработливо земјиште ДА или НЕ
Промените во законодавството за земјоделското земјиште во Македонија отвораат врати за изградба на фотонапонски централи и ветерници дури и на најплодните земјоделски области.
Промените на законите, најавени на платформата на националниот електронски регистар на прописи, овозможуваат на големите странски инвеститори да градат енергетски објекти на земјоделските земјишта од прва до четврта класа.
Според предложените промени, земјоделското земјиште од трета и четврта класа може да се пренамени во градежни зони за изградба на енергетски објекти како хидроелектрични, термоелектрични, нуклеарни и ветерни електрани, како и концетрациони сончеви електрани и електрани на биогориво.
Одредени промени даваат можност и за пренамена на пасиштата како земјоделски површини во градежни зони, вклучувајќи ги и земјоделските земјишта од петта до осма класа.
Соларни електрани на обработливо земјиште ДА или НЕ ?
„Земјоделското земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште од пониска катастарска класа.“, нагласено е во законските измени.
Во членот 51 има уште една значајна измена, а тоа е и дека самите пасишта како земјоделски површини може да се пренаменат во градежни, алудирајќи на тоа дека и таму ќе се градат фотоцентрали.
Општините имаат право да издаваат дозволи за објекти со моќност до 10 мегавати, додека за поголеми објекти од таа моќност, обврската за одобрување е на Државата.
Сепак, овие законски промени предизвикаа реакции кај земјоделците, кои сметаат дека овие промени го заштитуваат земјоделското земјиште што се користи за производство на храна.
Експертите изразуваат загриженост за балансирањето на производството на храна и електрична енергија, и апелираат дека потребно е планирање и баланс помеѓу двете сфери.
Џабе е струја ако немаме храна. Сепак се уште не сме еволуирале толку да јадеме струја.
Изгледа во Македонија никој не ги прашува Земјоделците туку сите се заинтересирани околу задоволување на бизнис апетитите на инвеститорите.
Апелираме добро да се размисли на кој локации ќе се градат овие фотонапонски централи и да не биде узурпирано земјиште кои што може да се произведува храна.
Соларни електрани на обработливо земјиште ДА или НЕ
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK