Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

16.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиСрбија во 2022 увезла близу 24 тони македонски јаболка

    Србија во 2022 увезла близу 24 тони македонски јаболка

    petel baner

    Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје.

    Податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС) покажуваат дека во текот на 2022 година од Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград.

    Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје. Односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година. Вредноста на увезеното овошје и зеленчук изнесува 295,7 милиони евра.

    Во 2022 година во Србија се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра.

    Јаболка најмногу се увезени од Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра.

    Во текот на 2022 година се увезени 169.752,1 тони зеленчук во вредност од 155,1 милиони евра. Доматите имале најголема вредност на увозот во 2022 година во износ од околу 21 милион евра или 14 отсто од вкупната вредност на увозот.

    Agrobot

    Доматите најмногу се увезувале од Македонија и Албанија. Кромидот од Холандија и Македонија, компирот најмногу од Холандија и Франција. Гравот од Киргистан, додека лукот од Кина.

    Од Македонија се увезувала и зелка и свежи пиперки. Од Албанија краставици, додека замрзнат грашок, замрзнат спанаќ и друг замрзнат мешан зеленчук увезен е во помали количини.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лубениците најмногу се увезувале од Грција, а значително помалку и од Македонија и од Албанија, наведуваат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img