Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024

More
    домаситеКакви чаеви се пијат за болно грло и кашлица?

    Какви чаеви се пијат за болно грло и кашлица?

    petel baner

    Чаеви против болки во грлото и кашлица –  Со топла шолја чај ублажете ги симптомите на воспалено грло, настинка и грип. Пиењето течности е особено важно кога сте болни бидејќи течностите помагаат да го одржувате грлото хидрирано, што ја намалува болката и иритацијата на грлото. Доколку навистина сакате да знаете кој чај има благотворно дејство, ви ги носиме најдобрите чаеви за воспаление и болки во грлото.

    Топлите течности како чај и супа се особено смирувачки за иритираното грло, што е уште поголема причина да уживате во топла шолја чај!

    И секако, што е чај без малку мед? Медот е природно антибактериски и помага да се обложи грлото и да се ублажи иритацијата. Затоа, следниот пат кога ќе ве боли грлото, испијте неколку шолји топол, смирувачки чај.

    Чаеви за болки во грлото и кашлица

    Чај од ѓумбир

    Коренот од ѓумбир содржи соединенија наречени гинџероли и шоголи кои ја ублажуваат болката и имаат антиинфламаторни својства, кои можат да ја смират болката во грлото.

    Чај од лимон

    Лимоните се полни со витамин Ц, кој му помага на телото да се бори против настинките. Зовријте вода и истурете во шолја, исцедете половина лимон во 2 децилитри вода. Оставете ја чашата да се излади неколку минути, а потоа можете да почнете да уживате во пиењето многу вкусен и здрав чај. Како што споменавме на почетокот на нашиот текст, што е чај без мед? Додајте мед и уживајте.

    Чај од сладок корен

    Чајот од слаок корен има и антивирусни и антимикробни својства, што може да помогне во борбата против болестите кои предизвикуваат болки во грлото. Тоа е супер сладок чај во кој ќе уживате поради неговите лековити својства, како и неговиот вкус. Сепак, може да биде опасен во големи количини, затоа задолжително консултирајте се со лекар пред да го користите.

    Agrobot

    Растителен чај со ракија

    Мешате зелен чај, чај од камилица и лимон и добивате здрав напиток полн со антиоксиданси. Ако додадете една лажица мед, сок од лимон, ѓумбир и малку ракија, ќе се чувствувате како да сте испиле природен аналгетик.

    Чај од бозел

    Чајот направен од цветот е корисен за настинки, грип, синузитис, тонзилитис, болки во грлото, ревматоидни заболувања и астма,. Го стимулира потењето и го чисти телото од токсини.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сода бикарбона помага при болки во грлото

    Многу корисно помагало за воспалено грло е гаргарањето со сода бикарбона растворена во вода. Овој пијалок ја ублажува болката и ги убива лошите бактерии. Додадете ¼ лажичка сода бикарбона и малку сол во чаша топла вода. Се препорачува гаргара на секои три часа или по потреба.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img