Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

24.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More
    домаситеЛесен појадок за здрав црн дроб

    Лесен појадок за здрав црн дроб

    petel baner

    Симптоми според кои ќе забележите дека вашиот црн дроб не работи како што треба се ако чувствувате хроничен замор, ако здравјето ви е лошо, ако често имате горчлив и метален вкус во уста или имате жолта наслага на јазикот.

    Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате вашиот црн дроб на дополнителен напор.

    Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете овесна каша за појадок.

    agrounik

    Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:

    • -1 чаша овесно брашно – овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи и ја забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
      -20 до 40 г тиква (исечкана на коцки) – ги обновува клеточните структури на црниот дроб и го подмладува. Помага за прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
      -Грст суво грозје (добро измиено и раздвоено) – ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновување на клетките.
      -Бадеми (по желба) – го нормализираат црниот дроб.

    Приготвување:
    Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете да зоврие. Може да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете да отстои малку.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Се препорачува оваа каша да се приготвува два до три пати неделно. Брзо се апсорбира. Дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img