Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Sunday, April 28, 2024

More
    домаАгро ВестиСо отстрел на диви свињи на Шар Планина ќе се спречува ширење...

    Со отстрел на диви свињи на Шар Планина ќе се спречува ширење на африканска чума

    petel baner

    Секој викенд до крајот на јануари 2024 година ќе има санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума на територија на Националниот парк Шар Планина.

    Одлуката за отстрел се образложува со тоа што африканската чума кај дивите свињи претставува ризик по здравјето и безбедноста на луѓето. А истовремено и потенцијален ризик за губење на популацијата на дивата свиња во Националниот Парк Шар Планина.

    -За таа цел управата на Националниот парк донесе одлука за спроведување заштитни и контролни мерки. Ги информираме љубителите на природата дека во временски период од шест до 14 часот, секоја недела од 12 ноември оваа година до 31 јануари 2024 година, со исклучок на 31 декември, ќе се спроведува засилен и санитарен отстрел. Во соработка со: здружение Ловечко друштво „Кучи Баба“;  здружение Ловечко друштво „Шќипоња е шарит“;  Ловечко друштво „Шар Планина“ – Тетово и Ловечко друштво „Љуботен“ – Вратница. Одлуката се спроведува согласно Решението за спроведување заштитни и контролни мерки во однос на африканската чума кај дивите свињи број 10-559/8 од шести јули годинава. Донесено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија,. А со кое целата територија на државата е прогласена за високо ризична зона, соопштија денес од НП Шар Планина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од националниот парк апелираат да секој посетител на Шар Планина избегнува движење областите каде што ќе се врши отстрел. Локациите за спроведување на оваа мерка се објавени во рамки на самата одлука на интернет страницата на Национален парк во делот инфо и соопштенија. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img