Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

16.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Колачи со портокал и брусница

    Рецепт: Колачи со портокал и брусница

    petel baner

    Едноставни и лесни колачи за подготовка кои имаат неодолив вкус и арома на портокал.

    Подгответи ди овие ароматични колачи со портокал и брусница и уживајте во нивниот вкус.

    Потребни состојки:

    • 250 г брашно
    • 1 лажичка сода бикарбона
    • 2 лажички густин
    • 1/2 лажичка сол
    • 170 г путер
    • 100 г кафен шеќер
    • 50 г бел шеќер
    • 1 јајце
    • кора од 2 портокали
    • 30 мл сок од портокал
    • 150 г брусница

    Начин на подготовка:

    Во сад измешајте ги брашното, содата, густинот и солта. Во друг сад за матење ставете ги путерот и двата вида на шеќер и матете додека смесата не стане кремаста, лесна и мека.

    Agrobot

    Додадете го јајцето и матете додека смесата се изедначи. Потоа додадете го сокот од портокал и кората од портокал и повторно матете. На крај додадете го брашното и сувата брусница и убаво соединете. Покријте го тестото со и оставете го во ладилник најмалку 2 часа.

    Загрејте ја рерната на 180ºС и тепсијата за печење обложете ја со хартија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Користете лажица за да земете еднакви делови тесто, оформете ги и ставете ги на подготвената тепсија за печење. Повторувајте ја постапката додека тестото не се потроши. Помеѓу колачињата оставајте простор од 5 см. Печете 8-10 минути или додека не колачите не заруменат по рабовите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img