Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Wednesday, July 17, 2024

More
    домаАгро советиЧистење риба за само неколку минути - Многу брз и ефикасен начин

    Чистење риба за само неколку минути – Многу брз и ефикасен начин

    petel baner

    Чистење риба – Доколку не знаете како правилно да ја исчистите рибата, но во исто време брзо и ефикасно, слушнете ги советите од видеото подолу.

    Внимателно ги отстранувате крлушките, а потоа со нож ја сечете рибата за да ја извадите утробата. Најважно е да се отстранат жабрите кои задржуваат кал и песок. Рибата потоа мора добро да се измие и е подготвена за понатамошна подготовка.

    Голем број истражувања покажуваат дека луѓето во чија исхрана важно место заземаат рибите и морските плодови, живеат подолго. Рибата е главен претставник на медитеранската исхрана, која има бројни благотворни ефекти врз здравјето на луѓето.

    Омега-3 масни киселини

    Омега-3 масните киселини често се опишуваат како скапоцени масти поради нивните корисни ефекти врз здравјето. Првенствено заштитувајќи го здравјето на срцето и крвните садови.

    agrounik

    Рибата содржи две особено важни омега-3 масни киселини – EPA и DHA, за кои е докажано дека придонесуваат за нормална работа на срцето. За да се постигне благотворно дејство, неопходно е да се консумираат најмалку 250 mg EPA и DHA дневно. Ова лесно се постигнува со редовно, умерено внесување риба.

    Многу позитивни ефекти од конзумирањето риба првенствено се поврзани со омега-3 масните киселини. Но покрај тоа, рибата е одличен извор на протеини. Истражувањата покажаа дека рибините протеини содржат биоактивни пептиди кои имаат потенцијален превентивен ефект врз развојот на кардиоваскуларни заболувања. Важно е да се напомене дека рибата е нискокалоричен извор на протеини со висока вредност, па затоа се препорачува за луѓе на диета за редукција и спортисти.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Освен со протеини, рибата е богата со витамини од групата Б (Б3, Б6 и Б12), како и со магнезиум, фосфор и калиум.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img