Чистење риба – Доколку не знаете како правилно да ја исчистите рибата, но во исто време брзо и ефикасно, слушнете ги советите од видеото подолу.
Внимателно ги отстранувате крлушките, а потоа со нож ја сечете рибата за да ја извадите утробата. Најважно е да се отстранат жабрите кои задржуваат кал и песок. Рибата потоа мора добро да се измие и е подготвена за понатамошна подготовка.
Голем број истражувања покажуваат дека луѓето во чија исхрана важно место заземаат рибите и морските плодови, живеат подолго. Рибата е главен претставник на медитеранската исхрана, која има бројни благотворни ефекти врз здравјето на луѓето.
Омега-3 масни киселини
Омега-3 масните киселини често се опишуваат како скапоцени масти поради нивните корисни ефекти врз здравјето. Првенствено заштитувајќи го здравјето на срцето и крвните садови.
Рибата содржи две особено важни омега-3 масни киселини – EPA и DHA, за кои е докажано дека придонесуваат за нормална работа на срцето. За да се постигне благотворно дејство, неопходно е да се консумираат најмалку 250 mg EPA и DHA дневно. Ова лесно се постигнува со редовно, умерено внесување риба.
Многу позитивни ефекти од конзумирањето риба првенствено се поврзани со омега-3 масните киселини. Но покрај тоа, рибата е одличен извор на протеини. Истражувањата покажаа дека рибините протеини содржат биоактивни пептиди кои имаат потенцијален превентивен ефект врз развојот на кардиоваскуларни заболувања. Важно е да се напомене дека рибата е нискокалоричен извор на протеини со висока вредност, па затоа се препорачува за луѓе на диета за редукција и спортисти.
Освен со протеини, рибата е богата со витамини од групата Б (Б3, Б6 и Б12), како и со магнезиум, фосфор и калиум.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK