Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени 211,6 милиони денари за продадено или складирано производство на пченица

    Исплатени 211,6 милиони денари за продадено или складирано производство на пченица

    petel baner

    Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица.

    Исплатени се вкупно 2116,6 милиони денари кон 3.397 земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС. Максималната количина на пченица која е прифалтива за остварување на финасиската поддршка од мерката е 5.000 килограми по пријавен хектар. А висината на поддршката изнесува три денари по килограм.

    Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерката 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. И кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 31 август 2023 година. Вклучително и за сопствените преработувачки капацитети. А се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ваквата мерка министерството ја креираше за поддршка на производителите на пченица по разговорите со производителите и откупувачите. Со цел поддршка во покривањето на производните трошоци кои ги имаа производителите на пченица.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img