Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Tuesday, December 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако сѐ можете да користите наут

    Како сѐ можете да користите наут

    petel baner

    Леблебија е мешунка која не се користи премногу често кај нас, а најмногу го знаеме како главна состојка на хумусот. Денеска ви носиме неколку одлични совети за тоа како можете да го користите наут без да биде хумус.

    Намаз од наут

    Оваа храна можете да ја искористите за да направите совршен намаз за сендвичи, особено оние со туна, со кои одлично оди. Наутот сомелете го во блендер, додадете малку мајонез со помал процент на маснотии, малку кисели краставички и сок од лимон, туна и намазот е готов. По желба можете да додадете и свежо мелен пипер.

    Otkup na kompiri

    Пржен наут

    Едноставно, ова се совршени закуски за филмски вечери во вашиот дом, а одлично одат и со пиво. Најдоброто нешто е што тие се поздрави од грицките купени во продавница. Наутот од конзерва процедете го, измијте го со ладна вода и исушете го со крпи, распоредете во тава, посипете со маслиново масло и зачини по желба и печете 20 минути во рерна загреана на 200°C.

    Супи и чорби

    Наутот е мешункаст зеленчук што можете да го користите речиси на ист начин како што користите грав или грашок. Во овој зимски период направете прекрасни чорби и супи со наут кои сигурно ќе го воодушеват вашето домаќинство. Не плашете се да експериментирате и да додавате разни индиски зачини бидејќи на наутот му даваат навистина посебен вкус.

    Омлет од брашно од наут

    Можете лесно да направите омлет без да користите јајца, а се што ви треба е тофу и брашно од наут. Брашното измешајте го со тофуто и прелијте го врз зеленчукот што сте го пржеле во тавата.

    agrounik

    Посни плескавици

    Наутот е одлична подлога за посни ќофтиња и плескавици, едноставно сомелете ги и додадете зачини по желба и испржете ги исто како стандардните ќофтиња.

    Песто

    Наместо пињола во класичното песто со босилек, можете да ставите наут, останатите состојки да бидат исти (босилек, лук, маслиново масло).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Слатки јадења

    Можете исто така да користите мелен наут за некои поздрави задоволства ако внимавате на калориите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img