домаАгро ВестиСите лековити својства на ајдучката трева

Сите лековити својства на ајдучката трева

Ајдучка трева е позната билка во народната медицина, таа е повеќегодишна билка која спаѓа во категоријата на најлековити растенија.

halk bank baner horizontalen ovcar

Многупати ајдучката трева се покажала како корисна во итни ситуации кога било неопходно да се спречи крвавењето и да се залечат раните.

Најчесто цути покрај патишта и на ливади. Покрај тоа што ви ја украсува градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина.

Семенарна хоризонтален банер

Оваа билка ги смирува мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува антивоспалително и ги уништува глистите во цревата.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Исто така е одлична во намалување на крвниот притисок и ги смирува дигестивните проблеми како што се надуеност, констипација и желудочни тегоби.

Ја прочистува и ја зајакнува крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето на болести на црниот дроб, слезината, панкреасот, како и жолтица, грозница, тахикардија, болки во ‘рбетниот столб и во грбот, нередовни менструации, несоница, разни осипи и чиреви.

Најчесто се користи за сопирање на крвавењето и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана која крвави и да притиснете. Најчесто, по само 10-30 секунди раната ќе престане со крвавење, но секако ова зависи од големината на истата. Покрај тоа, ајдучката трева служи и за отстранување болка од рани и спречува инфекции.

Некои луѓе ги џвакаат листовите од оваа билка за да ублажат забоболка. Исто така, се користи и во кулинарството – свежите листови често се користат во различни видови салати.

Ајдучката трева е одлична за чистење на кожата, особено кај лица кои имаат проблеми со масна кожа. Ставете две чаши зовриена вода врз 1 шолја сушено цвеќе од ајдучка трева, оставете да се излади, процедете и нанесете ја на кожата. Течноста ќе ја смири кожата и ќе ги намали иритациите.

Ајдучката трева може да ги олесни болните менструации. Оваа билка содржи соединение наречено танин кое помага во стеснување на крвните садови.

Најдобро е да пиете чај од ајдучка трева барем еднаш дневно. Еве како да го подготвите:

Потребни состојки:

1 супена лажица сушена ајдучка трева

парче лимон

Pneumatik baner

една шолја зовриена вода

Начин на подготовка:

petel baner

Ставете сушена ајдучка трева во шолја зовриена вода и оставете ја да отстои 10 минути. Процедете и по сопствен вкус, додајте парче лимон или малку мед.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img