домаАгро ВестиБаер мора да плати отштета од 1,56 милијарди долари поради хербицидот Roundup

Баер мора да плати отштета од 1,56 милијарди долари поради хербицидот Roundup

Prokredit baner

Баер, германска хемиска и фармацевтска компанија, ќе поднесе жалба на оваа пресуда. Тие велат дека децениските истражувања покажале дека Roundup и неговата активна состојка, глифосат, се безбедни за човечка употреба.

Баер мора да плати 1,56 милијарди долари на четворица тужители. Тврдат дека хербицидот Roundup предизвикал здравствени проблеми, вклучително и рак, одлучи поротата во Мисури. Ова е пресудата, пишува Ројтерс, која може да го зголеми притисокот на инвеститорите врз компанијата да ја промени својата правна стратегија.

Семенарна хоризонтален банер

Неодговорност, грешки и пропусти?

Според судските документи, поротата го прогласи Монсанто на Баер за виновен за неодговорност, производствени дефекти и не предупредување за потенцијалните опасности од употребата на хербицидот Roundup.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Валори Гунтер од Њујорк, Џими Дрејгер од Мисури и Даниел Андерсон од Калифорнија добија по 61,1 милион долари отштета и 500 милиони долари т.н. кривична отштета. На сите им бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом. Тие тврдат дека бил предизвикан од употребата на наведениот хербицид на нивните семејни фарми. Четвртата личност, Бренда Дрејгер доби 100.000 долари за отштета што наводно ја претрпела поради болеста на нејзиниот сопруг.

Ќе поднесат жалба на пресудата

Баер, германска хемиска и фармацевтска компанија, вели дека децениските истражувања покажале дека Roundup и неговата активна состојка, глифосат, се безбедни за човечка употреба.

Адвокатот Барт Ранкин, кој ги застапуваше тужителите во овој случај, рече дека оваа победа е прва од многуте. 

Сепак од Баер најавија дека ќе се жалат на оваа одлука. 

Оваа пресуда е четврта во низата правни загуби за оваа компанија. Претходно овој месец, Унион Инвестмент, еден од десетте најголеми акционери на Баер, ја повика компанијата да ја преиспита својата правна стратегија и да се вклучи повеќе во постигнувањето договори.

Тигар лого гиф

Минатата недела Европската комисија ја продолжи лиценцата за употреба на глифосат, најчесто користениот хербицид во светот, за десет години. 

Против Баер се поднесени околу 165.000 тужби за негативни здравствени ефекти наводно предизвикани од Roundup. Тој го поседува тој хербицид од 2018 година, кога ја купи агрохемиската компанија Монсанто за 63 милијарди долари.

Petel.mk

Во 2020 година, таа ги исплати повеќето од тогашните нерешени случаи поврзани со Монсанто, до 10,9 милијарди долари. Се уште се чекаат околу 50.000 барања.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img