Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

4.8 C
Skopje
Sunday, March 3, 2024

More
    домаситеЗошто козјото млеко е чувар на здравјето?

    Зошто козјото млеко е чувар на здравјето?

    Agrobot

    Козјото млеко поради своите бројни лековити својства се класифицира во најздравите намирници на светот.

    Со години, освен во исхраната, се користи и како лек за болестите како бронхитис, сузбивање на алергии, зајакнување на имунитетот, лекување и зајакнување на белите дробови…

    Истражувањата покажаа дека ова млеко полесно се вари од кравјото и дека има ниско ниво на алергени. Исто така, на молекуларно ниво козјото млеко е слично со човековото.

    Во традиционалната медицина се користи за лекување на хиперлипопротеинемија, срцеви болести, фиброзни цисти, болести на жолчката и жолчни камења.

    Козјото млеко е преполно со калциум и фосфор, кои се важни за цврстината на коските, како и цинк и селен, силни антиоксиданси кои го одржуваат имунолошкиот систем. Бројни научници го препорачуваат козјото млеко на луѓето кои страдаат од анемија предизвикана од недостаток на железо.

    Ова млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во поголеми концентрации од кравјото млеко. Исто така, содржи и околу 40 проценти помалку цитрати во однос на кравјото млеко.

    petel baner
    Со оглед на тоа дека козите ги јадат само корите од билките, нивното млеко е богато и со силициум, минерал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

    Во себе содржи мноштво протеини богати со важни аминокиселини, широка лепеза на витамини и нема тешко сварливи масти. Бидејќи содржи помалку лактоза, полесно се вари од кравјото млеко.

    Сурутката, козјото сирење и јогуртот се најмоќните природни средства за зајакнување на имунитетот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Значителни се за обнова и изградба на коските, ја подобруваат работата на дигестивниот тракт. Се препорачуваат како превенција и терапија за лицата со заболен црн дроб, остеопороза. Како и зголемен холестерол и крвен притисок, воспалителни процеси, како и за подобрување на работата на бубрезите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img