Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиЗапочнува аплицирањето

    Започнува аплицирањето

    petel baner

    Започнува аплицирањето – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје дека е во тек поднесување на барања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и тоа за следните подмерки:

    -„М1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,

    Otkup na kompiri

    -„М1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,

    -„М1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,

    -„М1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,

    -„М1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,

    -„М1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и

    -„М2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

    М1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион

    Корисници на подмерка 1.3 се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун” кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1., кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки.

    Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.

    Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар,за јачмен 12.000 денари по хектар и за афион изнесува 18.000 денари по хектар.

    Во прилог на барањето за подмерка 1.3 се доставува или потврда за предадено производство во преработувачки капацитет за жито (сончоглед, маслодајна репка и афион) издадена од регистриран преработувач или потврда за предадено или складирано производство (пченица и јачмен) кај регистриран откупувач или договор за купопродажба на оствареното производство (пченица и јачмен) со регистриран одгледувач на добиток со финансов документ како доказ за извршена продажба на пченица и/или јачмен на регистриран одгледувач на добиток. Доколку оствареното производство на пченица и/или јачмен се користи за сопствени потреби за исхрана на добитокне се доставуваат дополнителни документи во прилог на барањето туку само се пополнува изјава која е составен дел од барањето.

    М1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници

    М1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје

    М1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје

    Во однос на подмерките 1.5, 1.9 и 1.13, корисници на овие подмерки се земјоделски стопанства кои се корисници на основните подмерки 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади и 1.12  Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и оствареното производство да е предадено на регистиран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар. За овие подмерки не се доставуваат никакви дополнителни документи во прилог на барањето. Доволно е да се декларират податоци во барањето и истото да се потпише од барателот.

    Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.5 изнесува 20.000 денари по хектар и истата е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг/ха за домат, пиперка 15.000 кг/ха, краставица 30.000 кг/ха, корнишони 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг/ха, грав 1.000 кг/ха и компир 15.000 кг/ха.

    Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.9 е следна:

    – Јаболко 30.000 денари на хектар,

    – Слива и праска 25.000 денари на хектар,

    – Вишна, цреша, кајсија и круша 22.000 денари на хектар,

    – Јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка 13.000 денари на хектар

    Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.13 изнесува 28.000 денари по хектар.

    М1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

    М1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети

    Корисници на подмерка 1.7 се земјоделски стопанства кои имаат засадено површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директни плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2023 година и ноември-декември 2023 година.

    Во прилог на барањето се доставува Потврда за предадени градинарски култури издадена од регистриран преработувач.

    Корисници на подмерка 1.10 се земјоделски стопанства кои имаат засадено површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите овошни видови.

    Во прилог на барањето се доставува Потврда за предадено овошје издадена од регистриран преработувач.

    М2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед

    Корисници на подмерката 2.20 се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.

    Висината на директни плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2023 година.

    Постапка

    agrounik

    Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“. Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.

    Започнува аплицирањето не го чекај крајнот рок.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Крајниот рок за поднесување на барањата е 25 декември 2023 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја веб страната www.zemjodelie.mk , како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img