домаАгро ВестиГолемиот светски извозник на пченица го погоди силно невреме, а тие се...

Големиот светски извозник на пченица го погоди силно невреме, а тие се само на половина пат од жетвата

Pneumatik baner

Силното невреме ги помати сметките. Се предвидува дека до еден милион тони пченица ќе треба да се преработат во неквалитетна добиточна храна.

Силниот дожд и невреме што ја зафати југоисточна Австралија силно го погоди родот на пченицата, потенцијално намалувајќи го производството за повеќе од 100.000 тони. Покрај тоа, се предвидува дека до еден милион тони пченица ќе треба да се преработат во добиточна храна со послаб квалитет, според Ројтерс.

Семенарна хоризонтален банер

Невреме на половина пат од жетвата

Австралија е еден од најголемите светски извозници на пченица и моментално е на половина пат од жетвата.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Годинава беа погодени од временските услови на самиот почеток на одгледувањето. Прво, големите горештини, без врнежи го намалија прогнозираното производство на 25-28 милиони тони од околу 40 милиони тони минатата година. Но, тие очекуваа висок квалитет.

Пристигна многу повлажен ноември, со повеќе од 200 милиметри дожд за 24 часа оваа недела помеѓу вторник и среда во делови од Нов Јужен Велс и повеќе од 80 милиметри во делови на Викторија, соопшти австралиското биро за метеорологија. Дожд и засилен ветер се предвидуваат во наредните денови, токму на местата каде жетвата е во полн ек. 

petel baner

Земјоделците извесно време нема да можат да користат тешка механизација на нивите. Стравуваат од појава на габи, но и од никнување на зрната. 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

 

 

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img