Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, March 1, 2024

More
    домаАгро ВестиФинансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство

    Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство

    Agrobot

    Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година во тек е аплицирањето не го пропуштајте рокот.


    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица и јачмен кои производството од реколта 2023 година го имаат складирано кај регистриран складиштар дека е во тек поднесување на барања за мерката „Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Барањата се поднесуваат директно до Агенцијата на рачно пополнет образец по следна постапка:

    1. Барање поднесува земјоделско стопанство кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен
    2. Краен рок за поднесување на барање е 15 декември 2023 година
    3. Во прилог на барањето се доставува: Договор за складирање и Потврда за извршено складирање
    4. Пченицата и јачменот да се предадени на складиштење кај регистриран складиштар во период од 15 јуни до 1 септември 2023 година
    5. Периодот на складирање треба да е најмалку 2 најмногу 9 месеци
    6. Прифатливи количини: Максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство одделно за пченица и за јачмен; максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура
    7. Висина на поддршка: 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец
    8. Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот во име и за сметка на барателот
    9. Складиштарот до Агенцијата ги доставува следните податоци секој последен ден во месецот, за тековниот месец: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање на образец кој е утврден од Агенцијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја веб страната www.zemjodelie.mk , како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img